Македонија

Лицата со Даунов синдром сакаат независност – готват, играат и сликаат како сите други

Никола нѐ пречека во Дневниот центар за деца со Даунов синдром. Еден дел од денот го минува тука, во како што вели, неговиот втор дом. Заедно со неговите пријатели учат како да подготвуваат слатки. Ги ставаат готвачките капи и почнуваат. Тој вели дека откако ќе заврши, сака слатките да ги подели со своите другарчиња. Покрај готвењето, го исполнува и играњето фудбал, како и сликањето.

Седум студенти од Турција, кои се дел од проектот „Global Village“ веќе пет недели ги придружуваат лицата со даунов синдром. Џансу вели дека поминала незаборавно време со децата и дека е тажна што проектот завршува.

Организаторката на настанот, Татјана Сотировиќ, вели дека студентите од Турција им помогнале на децата во нивните секојдневни активности и ги подучиле како да се интегрираат во општеството и да бидат независни.

Дневниот центар за Даунов синдром е отворен во мај годинава. Сега за сега центарот го посетуваат околу 10 лица. Просторот е поделен на три делови:  дел каде цртаат, спортуваат и детско катче. Последната активност беше со студенти кои ги придружуваа децата секој ден по неколку часа со план-програма од стручен тим, велат од Центарот.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни