Македонија

Граѓаните за шест месеци потрошиле 1,6 милијарди евра на игри на среќа

Граѓаните за шест месеци потрошиле 1,6 милијарди евра на игри на среќа

Речиси 1,6 милијарди евра биле потрошени за игри на среќа во Македонија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Во вкупната сума се опфатени уплатите направени и од домашни и од странски државјани, а најголем дел од средствата биле потрошени преку електронски апарати за игри на среќа.

Значителен дел од парите продолжува да се слева и преку казината и обложувалниците, што укажува на големиот финансиски обем на овој сектор во земјата.

Податоците за потрошените средства доаѓаат во период кога се спроведуваат нови мерки поврзани со местоположбата на објектите во кои се приредуваат игри на среќа. Со измените се ограничува нивната близина до училиштата и другите образовни институции.

Од приредувачите на игри на среќа, пак, се противат на дислоцирањето на објектите. Нивниот став е дека ограничувањето на физичката близина до училиштата нема целосно да го спречи коцкањето, туку дел од активностите може да се префрлат кон нелегални канали.

Според нив, преместувањето на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците подалеку од образовните институции би можело да создаде простор за зголемување на активностите кои не се под државен надзор и контрола.

Сумата од речиси 1,6 милијарди евра потрошени за само шест месеци го покажува финансискиот обем на пазарот на игри на среќа во Македонија. Во исто време, продолжува дебатата за тоа како да се регулира секторот и каде треба да бидат лоцирани објектите во кои се приредуваат игрите на среќа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни