Македонија

Блаце, запленет камион со дрва – сопственикот тврди дека има документи, институциите негираат

Бесир Абди се шета низ шумата во реонот на Блаце. Тврди дека е во негова сопственост. За ова има и документи.

Пред извезно време побарал и добил дозвола од Јавното претпријатие Национални шуми за сеча на околу 70 метри кубни огревно дрво.  Сечата требал да ја изврши најдоцна до 26 јули, според одобрението кое го добил. Транспортот на дрвата требал да го изврши не подоцна од 15 дена по завршувањето на сечата.

Но, околу 3 часот по полноќ, ноќта на 8 према 9 август, граничната полиција врши контрола на натовареното возило во близина на неговата шума. Веднаш потоа била повикана Шумската полиција под чија надлежност е случајот.

Абди додава дека документацијата ја добил од директорот на Национални шуми за скопскиот регион, Ѓерѓ Албани.

Ѓерѓ Албани директор во претпријатието Национални шуми, кој е надлежен за скопскиот регион потврди дека Абди поседува дозвола за сечење и потврди дека шумата е во негова сопственост. Сепак, додаде дека не поседувал дозвола за транспорт, односно испратница, која исто така ја издава Јавното претпријатие Национални шуми.

При увидот Шумската полиција констатирала дека Абди немал дозвола за транспорт, а дрвата немале ниту печати. Поради тоа неговото возило заедно со товарот се запленети и сместени во полициската станица во Блаце. Сомнително било и тоа што камионот бил натоварен доцна во ноќта, а бил запленет ноќна на 8 према 9 август. Според документацијата за дозвола за сеча, тоа било последниот ден од периодот со кој Абди бил обрзан да изврши транспорт на дрвата. Според информациите тој бил повикан на информативен разговор од страна на граничната, но и шумската полиција. Полициски извори за ТВ21 велат дека не е прв пат Бесир Абди да прави ваков прекршок и дека тој добро и е познат на Шумската полиција.

РЕПОРТЕР: МЕВЛУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни