Папата Лав Четиринаесетти денес изјави, по повод интензивирањето на воената кампања за уривање во Газа од страна на Израел, дека е против присилното раселување на цивилите од најголемиот град во палестинската енклава.
„Заедно со пасторите на црквите во Светата земја, повторувам дека нема иднина заснована на насилство, присилно протерување и одмазда“, рече папата за време на неговата неделна молитва Ангел Господов, пренесува Ројтерс.
Светата земја вклучува делови од денешен Израел, окупираните палестински територии, Јордан и Египет, кои се свети за јудаизмот, христијанството и исламот.
Улогата на папата во застапувањето на мирот во Газа стана посилна откако Израел ја нападна единствената католичка црква на територијата во јули, пишува Ројтерс.
„На луѓето им е потребен мир. Оние кои навистина ги сакаат работат за мир“, рече папата.
Папата Лав Четиринаесетти го осуди присилното протерување на цивилите од Газа