Свет

Трамп: Завршив седум војни за осум месеци, Обединетите Нации не се ни обидоа да помогнат

Трамп: Завршив седум војни за осум месеци, Обединетите Нации не се ни обидоа да помогнат

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека откако се вратил во Белата куќа во јануари, успеал да стави крај на седум вооружени конфликти ширум светот. Настапувајќи со својот прв говор пред Обединетите нации од 2020 година, Трамп изјави дека благодарение на неговата администрација биле прекинати судирите меѓу Камбоџа и Тајланд, Косово и Србија, Пакистан и Индија, Израел и Иран, Египет и Етиопија, Ерменија и Азербејџан, како и меѓу Руанда и Демократска Република Конго.

„Ниеден претседател не направил нешто приближно на ова. Обединетите нации не се ни обидоа да помогнат во ниту еден од овие конфликти“, рече Трамп, упатувајќи остри критики кон организацијата.

Тој ги обвини ОН за пасивност, но и за, како што кажа, „финансирање напади врз западните земји“ преку олеснување на миграциските процеси. Трамп порача дека политиките на отворени граници ја уништуваат Европа, наведувајќи примери за висок процент странци во европските затвори.

Во говорот тој ја нагласи опасноста од нуклеарното оружје, потенцирајќи дека „Иран никогаш не смее да го поседува“. Најави дека ќе воведе високи царини за Русија доколку не прифати мировен договор за Украина и повика европските земји да го следат истиот пат.

Што се однесува до климатските промени, Трамп ги нарече „најголемата измама во светската историја“, тврдејќи дека сите предвидувања на научниците биле погрешни. „Бегајте од зелената измама или вашата земја ќе пропадне“, порача американскиот претседател на крајот од речиси едночасовното обраќање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни