Македонија

Трговците ќе платат 2 милиони евра казни поради прекршувања со цените

Трговците ќе платат 2 милиони евра казни поради прекршувања со цените

Трговците на големо и мало ќе ѝ платат на државата казни од околу 2 милиони евра, поради бројни неправилности со цените на прехранбените производи, утврдени при 18.000 контроли од страна на пазарните инспектори.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, најави дека до крајот на годината ќе започне и санкционирање на компаниите кои го прекршиле Законот за нефер трговски практики.

Тој најави и развој на бесплатен софтвер за трговците, кој ќе овозможи транспарентно прикажување на цените, додека граѓаните, со помош на вештачка интелигенција, ќе може сами да креираат потрошувачка кошничка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни