Свет

Шпанија: Војник загина во експлозија на граната, друг е тешко ранет

Шпанија: Војник загина во експлозија на граната, друг е тешко ранет

Еден војник загина, а друг е тешко повреден во експлозија на граната на полигонот за обука во базата во Виатор, соопшти денес шпанското Министерство за одбрана.

Причината за експлозијата засега е непозната, а отворена е истрага што ќе ги утврди сите околности на инцидентот, објави Јуронуј.

Инцидентот се случил во седиштето на Шпанската легија во Виатор, во Алмерија, соопшти министерството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни