УНДП смета дека општините не се транспарентни и дека немаат кадровен капацитет. Претставничката на УНДП во Северна Македонија, Сахакиан, смета дека општините донесуваат одлуки и одредуваат приоритети без претходно да направат анализа за да ја дадат како основа и состојбата во општините. Таа вели дека не се проблем средствата туку недостигот на добро развиените проекти.
Министерствата немаат меѓусебна соработка што се однесува до поделбата на финансиските средства за општините, вели Горан Милевски, министер за локална самоуправа. Во соработка со кабинетот на претседателот на државата и Швајцарците, ќе се избира софтвер, преку кој ќе се знае каде ги трошат парите министерствата. Тоа се прави бидејќи има многу министерства кои инвестираат во една општина и да ги остават настрана другите општини.
Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП создаваат алатки, нови индекси за работата на општините. На тој начин ќе се рангираат општините, според тоа колку работат, колку се транспарентни и колку трошат, рече Милевски.
Денеска започна проектот „Градење капацитети во општините за имплементација на проекти“, финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој. Целта на проектот е да се развие капацитетот на општините за обработка и имплементација на големите инфраструктури проекти, за подобрување на животот на граѓаните.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ