Универзитетската професорка Ана Чупеска вчера поднела оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.
Предава на политички студии на Правниот факултет Јустинијан први и има меѓународно реномирана научна кариера.
Засега не е позната причината за нејзината оставка.
Неодамна, за време на првиот круг од локалните избори, иако противниците во ВМРО-ДПМНЕ водеа во 55 општини, сепак таа истакна дека истите ги смета за успех и порача дека СДСМ има нагорен тренд.