Кандидатот и актуелен градоначалник на Центар, Горан Герасимовски прогласи победа на локалните избори.
„Победија граѓаните, победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и правичното на фер и демократски избори“, порача Герасимовски.
Тој се заблагодари на сите кои гласале за него.
„Го направивте одличниот избор бидете уверени“, додаде Герасимовски.