Свет

Медведев: Колку повеќе Западот вложува во Киев, толку повеќе територија ќе се врати на Русија

Медведев: Колку повеќе Западот вложува во Киев, толку повеќе територија ќе се врати на Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека колку повеќе западните земји трошат за поддршка на Киев, толку повеќе територии на крајот ќе се вратат во Русија и „крајот на режимот во Киев ќе биде пострашен“.

Медведев го нарече украинското раководство, кое, како што рече, потрошило милијарди долари западни средства во текот на неколку години, „крвави кловнови на Киев“ (ККК), пренесува ТАСС.

„Колку повеќе западниот свет троши за поддршка на ККК, толку пострашен ќе биде крајот на историјата за режимот на крвавите кловнови на Киев. И толку поголема ќе биде нашата територија што на крајот ќе се врати во нашата родна Русија“, рече Медведев на Телеграм.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни