Македонија

Реакции по изјавата на Заев, од опозицијата порачаа новинарите да не подлегнуваат на притисоци, власта вели да не се шири лицемерна грижа

Зоран Заев со вчерашната изјава се закани кон медиумите и кон сите оние кои имаат намера да ги изнесуваат на виделина неговите и криминалите на неговото раководство, оценија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму обвинуваат дека Заев не сака да се реши скандалот Рекет и дека ги штити сите оние кои се вмешани во случајот.

На ваквата реакција се јавија од СДСМ од каде велат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема право, како што велат да шири лицемерна грижа за новинарството кога во нивно време вршеа упади во телевизии, се апсеа новинари и се затвораа медиуми. За изјавата на Заев во кој споменува суетен новинар, велат дека тоа воопшто не е притисок кон слободата на изразување.

За изјавата на Заев, Фадиљ Зендели смета дека се работи за избрзана и нервозна реакција на премиерот и наместо да дава такви несоодветни изјави тој порачува Заев енергично да дејствува во борба против корупцијата.

И Зијадин Села лидерот на Алијанса за Албанците оценува дека се работи за несоодветна изјава на еден премиер.

Побаравме коментар и од коалицискиот партнер во Владата, ДУИ за тоа како тие гледаат на изјавата на премиерот, но оттаму не добивме одговор.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни