Македонија

ДИК: Поднесени 16 приговори за изборните резултати, најмногу во Шуто Оризари!

ДИК: Поднесени 16 приговори за изборните резултати, најмногу во Шуто Оризари!

Државната изборна комисија (ДИК) до претпладне добила 16 приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори.

  • Брвеница: Хаким Рамадани (ВРЕДИ) поднесе приговори за 4 избирачки места каде загуби од Јовица Илиевски (ВМРО-ДПМНЕ) со разлика од 150 гласа.
  • Шуто Оризари: Коалицијата „Твоја Македонија“ поднесе најмногу приговори (10), сите за оваа општина. Курто Дудуш (Унија на Ромите) победи со 488 гласа повеќе од Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ). Истата Унија поднесе и 3 приговори.
  • Карпош: Коалицијата „Искуство за успех“ (поддржувач на Стевчо Јакимовски) поднесе 2 приговори. Во Карпош победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, со разлика од 1.134 гласа.

ДИК ќе го дефинира точниот рок за седницата за одлучување по приговорите по завршувањето на рокот за нивно поднесување (денеска во 16:30 часот).

Според портпаролот Радица Тодоровска Алексовска, ДИК има 72 часа рок да одлучи по приемот на приговорите. Против одлуката, подносителот може да тужи до Управниот суд во рок од 24 часа, а Судот одлучува во рок од 48 часа.”

Рокот од 60 дена за започнување на нова изборна постапка (поради недостиг на цензус за излезност во првиот круг) ќе почне да тече по објавувањето на конечните резултати за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни