Во овие земји, во просек, е измерен најголемиот број изгубени години од живот поради загадување на воздухот кај жителите на возраст од 30 години и нагоре, според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Агенцијата наведува дека загадувањето на воздухот останува најголемата еколошка закана за Европејците, пред други фактори како изложеност на бучава и хемикалии или ризикот од климатски топлотни бранови.
Небезбедните нивоа на загадување на воздухот резултирале со шокантни 182.000 смртни случаи во 2023 година, пренесува „Euronews“.
Извештајот на ЕЕА тврди дека 95 проценти од Европејците кои живеат во урбани средини се изложени на нивоа на загадување „значително“ над препораките на Светската здравствена организација.
Меѓу земјите на ЕУ, Италија имала најголем број смртни случаи поради загадување на воздухот во 2023 година, како и најголем број изгубени години од живот на 100.000 жители, по што следат Полска и Германија.
Најмалата релативна штета од загадување на воздухот е забележана во земјите од северна и северозападна Европа, меѓу кои се Шведска, Естонија и Норвешка.
Во Исланд не се регистрирани смртни случаи поради загадување на воздухот, додека во Финска се забележани 34 смртни случаи предизвикани од долготрајна изложеност на штетни честички PM2.5, наведува ЕЕА.