Живот

Русија го блокираше Snapchat

Русија го блокираше Snapchat

РУСИЈА го блокираше пристапот до Snapchat, социјална мрежа за споделување фотографии и видеа што се објавуваат привремено, објави државната новинска агенција РИА во четврток, повикувајќи се на регулаторот за комуникации Роскомнадзор.

Руските власти објаснија дека една од причините за забраната е наводната злоупотреба на Snapchat „за организирање и извршување терористички акти во земјата и за регрутирање сторители“.

Русија претходно во четврток ја блокираше апликацијата за видео повици FaceTime на Apple, како дел од засилената кампања за справување со странските технолошки платформи за кои властите велат дека се користат за криминални активности.

Одлуката следеше по ограничувањата наметнати на YouTube на Google, WhatsApp и Telegram на Meta.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни