Македонија

Бебе починало на ГАК: Интерни документи укажуваат на сериозни пропусти

Бебе починало на ГАК: Интерни документи укажуваат на сериозни пропусти

Новороденче со реални шанси за живот починало на 1 октомври годинава на интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а на семејството смртта му била претставена како неизбежна.

Сепак, интерни документи до кои дојде „Слободен печат“ покажуваат дека началничката на интензивната нега, д-р Елизабета Петковска, пријавила педијатарка од одделот, наведувајќи дека несоодветно лекување и доцнење од околу 20 минути при реинтубација довеле до тешки компликации и смрт на бебето.

Според пријавата, при повеќекратните обиди за реинтубација биле повредени ларинксот и дишните патишта, по што настанале масивен пнеумоторакс и дестабилизација на новороденчето. Две специјализантки во изјави го потврдиле ваквиот тек на настаните. Во документите се наведува и дека во потврдата издадена на родителите биле внесени неточни податоци, без евиденција за компликациите и долготрајната реинтубација.

Иако пријавата е доставена до директорката на Клиниката уште на 13 октомври, институциите – Министерството за здравство, инспекторатот и Обвинителството – два месеца не биле известени. Клиниката тврди дека не се утврдени неправилности, додека семејството дури преку новинарите дознало за сомнежите за пропусти во лекувањето.

Читај повеќе на „Слободен печат“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни