Балкан

ВИДЕО Драматични сцени во Албанија: Пратениците се степаа

ВИДЕО Драматични сцени во Албанија: Пратениците се степаа

Во албанскиот парламент вчера избувнал хаос кога пратениците од опозицијата запалилр ракети и фрлале вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави „Телеграф“.

Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се извива низ салата додека пратениците се туркаат, а обезбедувањето се обидува да воспостави ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделни тензии во кои опозицијата ја обвинува владејачката партија дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресуваат земјата.

Корупцијата е едно од клучните политички и социјални прашања во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат на проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што се формално започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.

Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и лица блиски до владејачките структури привлекуваат посебно внимание, што дополнително ја поткопува довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.

Албанската опозиција го користи прашањето за корупцијата како главна точка на критика кон владата на премиерот Еди Рама, обвинувајќи ја за заробување на институциите и селективна примена на законите. Опозициските партии и движења постојано организираат протести, тврдејќи дека антикорупциските мерки се спроведуваат недоследно и дека се користат за политички пресметки, а не за вистинско чистење на системот.

Тие, исто така, предупредуваат за злоупотребата на државните ресурси, притисокот врз медиумите и недостатокот на транспарентност, нагласувајќи дека без вистинска борба против корупцијата, Албанија тешко може да напредува кон полноправно членство во Европската Унија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни