Македонија

ФОТО Густа магла го обви Скопје: 24-ти најзагаден град во светот, ПМ2.5 честичките 8 пати над дозволеното

ФОТО Густа магла го обви Скопје: 24-ти најзагаден град во светот, ПМ2.5 честичките 8 пати над дозволеното
Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk

Главниот град утринава е обвиткан со густа магла и високо ниво на аерозагадување.

Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk

Според најновите мерења, Скопје се наоѓа на 24. место на листата на најзагадени градови во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 114 US AQI, што се категоризира како „нездраво за чувствителни групи“.

Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk

Концентрацијата на ПМ2.5 честички во моментов е 8,1 пати над годишната гранична вредност препорачана од Светската здравствена организација, што претставува сериозен ризик за здравјето, особено за децата, повозрасните лица, хронично болните и лицата со респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk

Здравствените препораки укажуваат на потреба од намалување на физичките активности на отворено, особено утринските часови кога маглата и загадувањето се најизразени. Граѓаните се советуваат да ги држат прозорците затворени со цел да се избегне влез на загаден надворешен воздух во домовите.

Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk

За чувствителните групи се препорачува носење заштитна маска при престој на отворено, како и користење прочистувачи на воздух во затворен простор. Надлежните институции апелираат на внимателност и следење на официјалните информации за квалитетот на воздухот, додека траат ваквите неповолни атмосферски услови.

Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk
Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk
Загаден воздух во Скопје / Дрон 4NEWS.mk
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни