Пламените јазици проголтале голем дел од шумската површина кај скопското село Буковиќ. Пожарот избувна утрово. Благодарение на интервенцијата на Противпожарната бригада , пожарот е ставен под контрола, пред да стигне до куќите од селото.
Според заменик-командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје токму тоа било приоритетната задача за пожарникарите.
Жител на селото Буковиќ, вели дека цел ден биле во неизвесност и грижи. Стравувале пожарот да не стигне до нивните домови. Во гаснењето на пожарот учествувало и месното население. Но, сепак велат дека веќе еден месец немаат вода и додаваат дека поради тоа во вакви ситуации немаат со што да го наснат пожарот.
Опожарена е голема површина дабова и деградирана шума, односно веќе исечени дрвја, на територија помеѓу трите села Буковиќ, Ласкарци и Раовиќ. Поради ветерот и непристапниот терен, гаснењето со три противпожарни возила тешко се одвивало. Сепак, по неколку часа пожарот е ставен под контрола. Противпожарната единица останува на терен за да ја контролира состојбата и спречи нови пламени јазици, поради силниот ветер.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ