Хуманиот гест на Бранкица Миновска од Пробиштип е доказ дека секое дете заслужува роденденска магија со торта, свеќичка и искрена насмевка.
Веќе половина година, таа со голема посветеност го реализира својот долгогодишен сон насловен како проект среќа, преку кој изработува торти за децата од социјално ранливите категории.

Оваа благородна иницијатива, зачната како идеја уште во 2011 година, денес обединува многу добри луѓе, вклучувајќи и наши иселеници кои несебично помагаат да се израдуваат оние на кои поддршката им е најпотребна.

Сликата на терен и моментот кога ќе се подари тортата се неописливи со зборови, бидејќи за овие дечиња роденденот е ден кога конечно можат да замислат желба и да ја почувствуваат празничната радост.
Среќата и насмевките на нивните лица се најголемата награда за Бранкица, која верува дека ниту едно дете не смее да биде изоставено од роденденското славје.