Македонија

ЈСП: Студентите да го заверат билетот за 2026 година

ЈСП: Студентите да го заверат билетот за 2026 година

ЈСП ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година.

Продолжувањето/заверувањето на билетот започнува од денес (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни