Македонија

ПЛАНИРАЈТЕ ОДМОРИ: Во 2026 година не очекуваат дури седум продолжени викенди

ПЛАНИРАЈТЕ ОДМОРИ: Во 2026 година не очекуваат дури седум продолжени викенди

Иако новата година е на прагот, календарот за 2026 година веќе носи добри вести за граѓаните кои сакаат да го планираат своето слободно време. Според распоредот на неработни денови, следната година сите граѓани ќе можат да уживаат во седум продолжени викенди.

Кога се паѓаат неработните денови?

Најголем дел од државните празници во 2026 година се паѓаат во петок или понеделник, што овозможува спојување на три слободни денови во низа.

Продолжените викенди за сите граѓани ќе бидат во следните периоди:

  • Март: Првиот споен викенд доаѓа со Рамазан Бајрам (20-22 март).
  • Април: Велигденските празници носат три неработни дена (11-13 април).
  • Мај: Дури два продолжени викенди – за Денот на трудот (1-3 мај) и за „Св. Кирил и Методиј“ (23-25 мај).
  • Август: Илинденските празници ќе се празнуваат од 1 до 3 август.
  • Октомври: Есента носи два споени викенди за Денот на востанието (10-12 октомври) и за Денот на револуционерната борба (23-25 октомври).

Дополнителни слободни денови

За верниците од православна вероисповест, бројот на продолжени викенди е уште поголем. Со празниците како Водици (19 јануари), Велики Петок (10 април) и Голема Богородица (28 август), вкупната бројка на продолжени викенди за овие граѓани достигнува до десет.

Експертите за туризам советуваат граѓаните да ги искористат овие периоди за кратки патувања или активен одмор, со оглед на тоа што распоредот на празниците во 2026 е значително поповолен во споредба со претходните години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни