Утрово целата земја е под влијание на многу ниски температури. Најстудено е на Попова Шапка со -15 степени, а веднаш по неа е Берово со -14.
Измерени температури низ градовите:
- -12°C: Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка и Битола.
- -11°C: Охрид и Претор.
- -10°C: Скопје (Петровец), Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране.
- -9°C: Струмица и Ѓуриште.
- -8°C: Виница, Кавадарци и Скопје (Зајчев Рид).
- -4°C: Гевгелија .
Прогноза за денот: Не очекува сончево, но студено време со слаб до умерен југозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од -1 до 6 степени. Во Скопје ќе биде сончево со температура до 3 степени.