Македонија

СЛЕДУВААТ ЛЕДЕНИ ДЕНОВИ: Снег во недела, а потоа температури под нулата

СЛЕДУВААТ ЛЕДЕНИ ДЕНОВИ: Снег во недела, а потоа температури под нулата

Македонија се подготвува за вистински зимски бран. Според најновата 14-дневна прогноза, не очекуваат екстремно ниски температури и снежни врнежи кои ќе го зафатат почетокот на следната недела.

Сончевите и умерени денови накратко завршуваат. Метеоролошката мапа најавува нагло заладување кое ќе го промени секојдневието на граѓаните веќе од овој викенд.

Иако петок и сабота поминуваат со умерени температури до 3 степени, вистинската промена доаѓа во недела (11.01). За овој ден се предвидуваат интензивни врнежи од снег, при што температурата ќе се движи меѓу -3 и 3 степени.

Од понеделник (12.01) Македонија влегува во зона на „длабок минус“:

  • Понеделник: Најстудениот ден со дневна температура од 0 степени и утринска од -4 степени.
  • Вторник и среда: Утринските температури ќе останат ниски (до -4 степени), но дневните полека ќе почнат да растат до 6 степени.

Од четврток (15.01) се очекува постепена стабилизација и пораст на температурите. Втората недела од прогнозата (од 16-ти до 22-ри јануари) најавува дождливо време, но со значително повисоки дневни температури кои ќе достигнат и до 10 степени. Утринските температури во овој период конечно ќе излезат од минусот и ќе се движат околу 3 до 5 степени.

Граѓаните се советуваат да се подготват за претстојниот леден бран во почетокот на неделата, особено возачите кои планираат патувања во недела и понеделник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни