Македонија

Облачно со слаби врнежи од дожд и снег!

Облачно со слаби врнежи од дожд и снег!
ФОТО 4news.mk

На пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег.

По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до  5 степени.

За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни