Македонија

Четири лица добиле кашлица поради продорен мирис на хлор во базен во Охрид

Четири лица добиле кашлица поради продорен мирис на хлор во базен во Охрид

На 19.01.2026 во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица.

Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.

Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и  документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни