Македонија

Вработените во Македонска Пошта протестираат поради доцнење на платите

Вработените во Македонска Пошта протестираат поради доцнење на платите

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава. Причина за реакцијата е доцнењето на платата, која до 23 јануари сè уште не им е исплатена.

Претседателот на синдикатот во Македонска Пошта, заедно со вработените, соопшти дека протестите ќе продолжат сè додека не се изврши исплатата. Менаџментот бил известен и дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, протестите ќе почнат веднаш, а како опција не е исклучен ниту целосен штрајк на вработените.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека „нема работа без плата“ и притоа додаде дека вработените биле изложени и на притисоци да не учествуваат на протестите.

Вработените посочија дека покрај доцнењето на платите, работат и во лоши услови – без греење, без основна опрема, а дел од просториите содржат азбестен материјал.

Протестот не е ограничен само на Скопје. Вработени во повеќе градови низ државата денеска излегоа пред објектите на Македонска Пошта со истото барање – исплата на заостанатата плата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни