Македонија

154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев

154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, македонски револуционер и визионер.

Централното чествување ќе се одржи во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што ќе се положат цвеќиња.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни