Македонија

Доаѓаат влажни бранови: Дожд, засилен ветер и снег на повисоките места

Доаѓаат влажни бранови: Дожд, засилен ветер и снег на повисоките места

Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег.

Поради продор на постуден воздух во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни