Балкан

Кај ученик од Сребреница пронајден „список за убивање“

Кај ученик од Сребреница пронајден „список за убивање“

Основно училиште во Сребреница пријавило во Полициската управа во Зворник дека кај еден од учениците е пронајден список на деца што треба да бидат убиени.
Полициската управа во Зворник потврдила за порталот Klix.ba дека извештајот е примен од училиштето.

Како што ни кажаа, полицајците работат на истрага на овој случај.

Медиумите од Република Српска наведуваат дека ученикот за кој станува збор е од погорно одделение, кој претходно бил познат по своите проблеми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни