Свет

Тајната служба уби напаѓач кој се обидел да влезе во имотот на Трамп

Тајната служба уби напаѓач кој се обидел да влезе во имотот на Трамп

Американската Тајна служба соопшти дека нејзини агенти го убиле мажот кој се обидел нелегално да влезе во имотот на претседателот Доналд Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида, јавува Sky News.

Инцидентот се случил околу 1:30 часот по локално време. Според соопштението, агентите на Тајната служба и заменик-шерфот од округот Палм Бич го пресретнале мажот, по што полициски службеници испукале куршуми. Никој од припадниците на Тајната служба или од локалната полиција не бил повреден.

Иако Доналд Трамп често ги поминува викендите во својот резорт во Флорида, во моментот на инцидентот тој се наоѓал во Белата куќа. Од Тајната служба соопштиле дека во моментот на настанот на локацијата немало лица под нивна заштита.

И неговата сопруга Меланија Трамп таа вечер била со него во Белата куќа, каде што биле домаќини на годишна вечера со гувернерите – традиционален настан на кој се собираат политички лидери од двете партии.

Мар-а-Лаго е луксузен приватен клуб и резиденција на Доналд Трамп во Палм Бич, купена во 1985 година. Имотот, изграден во 1920-тите години, често се нарекува „Зимска Белa куќа“ поради неговата употреба за политички состаноци и официјални настани.

Резиденцијата во минатото беше во центарот на повеќе контроверзии, меѓу кои и претрес од страна на ФБИ во 2022 година поврзан со класифицирани документи.

Истрагата е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни