Свет

Британскиот парламент ја одби забраната за социјални мрежи за помлади од 16 години

Британскиот парламент ја одби забраната за социјални мрежи за помлади од 16 години

Пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент со мнозинство гласови го отфрлија предлогот за забрана на користење социјални мрежи за лица под 16 години.

Иако оваа иницијатива претходно доби поддршка во Горниот дом и беше силно промовирана од активисти и јавни личности како Хју Грант, сепак 307 пратеници гласаа против измената на Законот за благосостојба на децата.

Поддржувачите на законот, предводени од поранешниот министер Џон Неш, се повикуваа на австралискиот модел, тврдејќи дека родителите се немоќни пред штетните интернет содржини.

Наспроти нив, критичарите предупредија дека ваквата радикална мерка може да ги насочи тинејџерите кон нерегулирани и поопасни делови од мрежата. И покрај ова одбивање, борбата не е завршена – Владата веќе започна консултации за алтернативни мерки, како ограничување на функциите што создаваат зависност, а предлог-законот повторно се враќа на разгледување во Горниот дом пред финалната одлука.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни