Македонија

Одложен изборот на обвинители: ОЈО-ГОКК останува со преполовен кадар

Одложен изборот на обвинители: ОЈО-ГОКК останува со преполовен кадар

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за избор на петмина нови обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со што директно ја закочи работата на оваа институција.

Поради истекот на мандатот на пет обвинителки, меѓу кои и Ивана Алексова-Трајчева, Обвинителството од утре ќе функционира со речиси преполовен кадар, односно со само седум наместо досегашните 12 обвинители.

Првите последици се веќе видливи преку одложувањето на судското рочиште за полицајците од Кочани, бидејќи обвинителите со истечен мандат повеќе немаат законско право да преземаат дејствија.

Оваа практика на ненавремен избор, која веројатно се должи на чекањето новиот државен обвинител Ненад Савески да го преземе своето место во Советот, сериозно го загрозува континуитетот и ефикасноста во борбата против високата корупција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни