Македонија

Успешно завршена евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток

Успешно завршена евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со вчерашниот лет е целосно заокружен процесот на евакуација на сите македонски државјани од кризните подрачја на Блискиот Исток кои побараа помош за враќање во земјата. Со последното пристигнување на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, меѓу кои 119 македонски и 28 странски државјани, со што вкупниот број на безбедно вратени македонски граѓани преку овој организиран процес достигна 605 лица.

Целата операција беше спроведена преку пет организирани чартер летови, чии трошоци во целост беа покриени од државниот буџет.

Од Министерството нагласуваат дека навремената реакција во оваа кризна ситуација ја потврдува подготвеноста на државата за заштита на своите граѓани, но и нејзината солидарност кон државјаните на пријателските земји од регионот. Иако евакуацијата на пријавените лица е завршена, дежурниот СОС телефон и дипломатско-конзуларните претставништва остануваат на располагање за сите македонски граѓани кои сè уште се наоѓаат во тој регион.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни