Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера спровеле засилени контроли при што лишиле од слобода две лица поради сообраќајни прекршоци.
На регионалниот пат Дебар–Маврово, околу 17:50 часот, бил приведен 52-годишниот Г.Ј. од село Крупиште, Општина Карбинци. При контрола на возило „Ауди“ било утврдено дека тој управувал и покрај изречена забрана за возење.
Претходно истиот ден, на улицата „Јусуф Грвала“ во Дебар, полицијата го лишила од слобода и 54-годишниот Ш.Б., кој управувал возило „Сеат“ без да поседува возачка дозвола.
Покрај тоа, во 12:15 часот во ОВР Дебар било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир. Според пријавата на 72-годишниот А.К., на улицата „Петре Поповски“ во Дебар, тој бил физички нападнат од 55-годишниот И.Љ. од Гостивар по претходна расправија, додека извршувал работни задачи за градежна фирма.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.