Македонија

Не се плашете, се чистат старите експлозиви: Контролирани детонации во недела во касарната Еребино

Не се плашете, се чистат старите експлозиви: Контролирани детонации во недела во касарната Еребино

Жителите на тетовскиот регион, особено во околината на селата Желино и Сиричино, во недела (29 март) не треба да се вознемируваат доколку слушнат силни детонации. Од СВР Тетово информираат дека полицијата и Армијата ќе спроведат контролирано уништување на минско-експлозивни средства во касарната Еребино.

Активностите се планирани да започнат точно во 9:00 часот наутро. Како што појаснуваат од полицијата, станува збор за средства кои се во лоша состојба и поради ризик при транспорт не можат да бидат пренесени до воениот полигон „Криволак“. Целиот процес ќе го водат стручни екипи од МВР и Армијата според сите безбедносни стандарди.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни