Поранешниот антикорупционер Шемси Салаи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ оцени дека недостигот на казнивост за злоупотреба на службената положба создава простор за ширење на корупцијата.
Според него, проблемот не е само во директното прекршување на законите, туку и во непостапувањето или постапувањето спротивно на законските обврски од страна на институциите.
„Кога нема одговорност за неработење или злоупотреба, тоа станува пракса. Се создава систем во кој поединци се водат од политичка заштита – ‘јас ќе слушам, тие ќе ме штитат’“, истакна Салаи.
Тој предупреди дека ваквата состојба отвора широк простор за корупција, политичко влијание и клиентелизам, што дополнително ја поткопува довербата во институциите и владеењето на правото.