Македонија

Стојанче Јовановски седна на обвинителната клупа, обвинет е за три тешки кривични дела!

Стојанче Јовановски седна на обвинителната клупа, обвинет е за три тешки кривични дела!

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, обвинет за серија кривични дела кои претходеа на трагичниот настан од 2 март, кога неговата сопруга Ивана и нивната 6-годишна ќерка си ги одзедоа животите.

Обвинителството го гони Јовановски за три тешки кривични дела:

  1. Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство (член 128 од КЗ).
  2. Загрозување на сигурноста при семејно насилство.
  3. Телесна повреда како продолжено дело на насилство.

Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, кој веќе е познат на јавноста по водењето на случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Според истрагата, жртвата била подложена на континуирано физичко и психичко малтретирање уште од 2019 година. Иако насилството било пријавувано од сведоци и од самата жртва, истото се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, за време на нивната бракоразводна постапка.

Обвинителството тврди дека суровото и нечовечно постапување на Јовановски, вклучувајќи понижувања и закани за одземање на детето, ја турнало жената во состојба на тешка психичка вознемиреност која резултираше со двојна трагедија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни