Македонија

Не му кажала каде да се исклучи, па со ќерката ги оставил на автопат среде ноќ – сведочи мајката на Ивана!

Не му кажала каде да се исклучи, па со ќерката ги оставил на автопат среде ноќ – сведочи мајката на Ивана!

Љубица Стојановска, мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска пред судот детално ја опиша ситуацијата што претходела на одлуката за разводот меѓу Ивана и Стојанче Јовановски. Таа рече дека среде ноќ, на автопат, Јовановски ги оставил својата ќерка Катја и сопругата затоа што Ивана, враќајќи се од свадба во Штип, не се исклучила на точната клучка.

„Ивана направила грешка каде да се исклучи, Стојанче се изнервирал и ги избркал од автомобилот, ја удирал и клоцал. Катја рече: „И мене, бабо, ме удри“. Биле оставени на автопатот во 1 часот по полноќ. Се јави кај Мартин Саздов, пријател на Стојанче, кој ги зема и однесе дома“, сведочеше Стојановска.

Мајката посочи дека и покрај насилството, Катја била искрено приврзана за својот татко и никогаш не изразила агресивност кон него.

Стојановска раскажа и за напад на Ивана во летото минатата година, кога таа влегла во станот за да земе облека и била физички нападната од сопругот, со модринки на рацете и вратот. Мартин Саздов ја повикал нејзината мајка, која веднаш ја пријавила ситуацијата во полиција. Ивана подоцна била повикана во полициска станица Карпош, каде што биле документирани повредите.

Мајката на Ивана посочи дека стравот за ќерката бил постојан, особено за тоа дали Стојанче ќе ја врати Катја кога ја земал за средба за време на бракоразводната постапка.

„Ивана секогаш беше под стрес. Кога Стојанче ќе се јавеше дека сака да ја земе Катја, таа седеше пред зграда во грч, стравувајќи дали ќе ја врати и кога“, додаде Стојановска.

Таа исто така опиша дека Јовановски не дозволувал Ивана да стави тротинет во гепекот на колата, па таа морала да го вози следејќи го автомобилот, како уште еден показател за контролата и стравот кој го чувствувала.

Судењето продолжи со исказот на мајката како дел од доказите во постапката против Стојанче Јовановски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни