Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство и малтретирање на сопругата Ивана и ќерката Катја, кои трагично починаа на 2 март 2026 година. На денешното рочиште сведочеше Мартин Саздов, поранешен пријател на обвинетиот.
Саздов откри дека бил сведок на физичко насилство врз Ивана: „Стојанче ја тепал Ивана и пред мене додека се дружевме. Му велев да престане, но бев со врзани раце и не можев ништо друго да направам.“
Тој раскажа дека по настанот во Штип се зближил со Ивана и дека таа му откривала детали за злоставувањето и стравот што го чувствувала од обвинетиот:
„По настанот во Штип се зближивме многу со Ивана и ми раскажуваше дека сака да се разведе од него, дека ги тепа, дека многу ги малтретира, дека не и посветува внимание на Катја, дека ја тепа Ивана пред Катја. Ивана се плашеше од Стојанче многу. Ми викаше: ‘Мартин не го знаеш каков психопат е, ќе ме убие, не можам да издржам веќе не знам што да правам’. И велев, не се секирај, сите ќе ти помогнеме но таа пак беше исплашена многу, затворена беше не зборуваше ни со нејзините. Се обидував на секој начин да и помогнам но не успеав.“
По оставувањето на автопат во еден по полноќ, Ивана поднела тужба за развод и се преселила кај својата мајка. Од тогаш почнала секојдневно да излегува со Саздов:
„Ја шетавме Катја. Ја носевме Катја во Зоолошка, на лулашки, во ‘Џамбо’, ја шетавме цело време. Се обидував да им биде убаво, да не бидат под стрес, да не бидат исплашени. Но Ивана секој ден ми зборуваше: ‘Мартин не знаеш каков психопат е, ќе не убие двајцата’. Јас ѝ реков не се секирај има институции, ќе го решат проблемот. Во тој период бидејќи се зближивме излегувавме многу, ја засакав, и таа ми кажа: ‘Мартин, како што ми е сега со тебе во животот, никогаш не ми било вака, се чувствувам многу сигурно со тебе и смирено.’ Почнавме љубовна врска, да. Излезе пред нас, не следел. На Ивана ѝ кажав да се тргне. Стојанче сакаше да се тепа, јас му велев: ‘Дај смири се, и ти си излегувал со две мои девојки, додека се дружевме, да зборуваме смирено.’“
Саздов откри и детали за конфронтациите со Стојанче:
„Отидовме во Автокоманда и ме праша од кај ми била таа информација, од кај сум знаел дека се гледал со мои поранешни две девојки. Јас дознав преку наш заеднички другар. Отидовме да се видиме со тој наш заеднички другар. Се расправавме таму, се завлековме, разговаравме на повисок тон, потоа се качив во автомобил да си одам. Се залета Стојанче со неговото возило и удри директно во двете врати од возачката страна на моето возило.“
Сведокот истакна дека отворено му кажал на Стојанче дека ја засакал Ивана, а обвинетиот му одговорил дека неговата ќерка Катја му била одбивна:
„Ја навредуваше Ивана пред мене дека е ‘к…а’, ваква-таква. Го молев да не ја навредува. Велеше дека ‘сака да се спаси од оваа к…а, дека не ја сакал ни Катја, а Ивана го прашуваше како за сопствено дете така може да зборува. Јас му велев дека Катја ќе си ја гледа и сака и после се што било. Тој велеше дека Катја му била одбивна. Рече дека сака да се разведе од Ивана, двајцата сакаа да се разведат, а ние двајца да сме правеле што сакаме.“
Саздов откри дека Стојанче продолжил да ги следи Ивана и него, да го пријавува лажно во полиција, да се појавува пред зградата со друга девојка и дури да ја смени бравата на станот за Ивана да не може да влезе. Ивана му кажувала дека обвинетиот постојано се гледал со други жени.
Судењето продолжува со цел да се утврди одговорноста на обвинетиот за злоставувањето кое ја потресе јавноста.