Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја укина забраната за пиење вода од четири артериски чешми во Охрид, откако најновите анализи потврдија дека таа е микробиолошки исправна.
Станува збор за следните локации:
- Чешмата на булеварот „Туристичка“;
- Чешмата во дворот на ОУ „Григор Прличев“;
- Биранова чешма во населбата Воска;
- Чешмата кај Градскиот пазар.
Одлуката следува по добиените резултати од Центарот за јавно здравје – Охрид, со кои се потврдува дека примероците ги задоволуваат сите безбедносни критериуми. Забраната првично беше воведена на 17 март поради констатирана бактериолошка загаденост, по што беа извршени повторени лабораториски тестирања.