Македонија

Заматена водата во Кавадарци и Неготино – граѓаните да ја превриваат пред употреба

Заматена водата во Кавадарци и Неготино – граѓаните да ја превриваат пред употреба

Обилните врнежи што ја зафатија земјава деновиве предизвикаа проблеми со квалитетот на водата за пиење во Кавадарци и Неготино, поради што надлежните препорачуваат претпазливост кај граѓаните.

Од јавните комунални претпријатија информираат дека водата во двата града е заматена и не е препорачлива за директна консумација без претходна обработка.

Од ЈП „Комуналец“ Кавадарци соопштија дека причината за состојбата се обилните дождови на изворите Лукар, што довело до заматување на водата во градскиот водовод.

„Поради обилните дождови на изворите Лукар, водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање потребно е да се преврива. Состојбата се следи и дополнително ќе информираме кога ќе се нормализира“, велат од претпријатието.

Слично известување испратија и од ЈП „Комуналец“ Неготино, од каде апелираат граѓаните да ја превриваат водата пред употреба сè додека не се подобри квалитетот.

Надлежните најавуваат дека состојбата ќе се следи континуирано, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни