Македонија

Засилен северен ветер и повремен дожд утре, сончево време следната недела

Засилен северен ветер и повремен дожд утре, сончево време следната недела

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=14°C. P=971hPa. U=68%. V=4m/s.

Утре претежно во источните делови ќе има повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни