Македонија

45-годишник од Неготино пријавен за злоупотреба на лични податоци при завршна сметка

45-годишник од Неготино пријавен за злоупотреба на лични податоци при завршна сметка

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.В.(45) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 03.02.2026, пријавениот неовластено и без знаење на оштетената-овластена сметководителка го искористил нејзниот број на уверението, кое било прикачено на isos.com.mk и го употребил за завршна сметка во Централен регистер.

Оштетената, истиот ден на електронска адреса била известена дека правно лице од Неготино поднело завршна годишна сметка со нејзиното уверение, кое било направено без нејзина согласност, a ниту пак таа ја имала изработено завршната сметка.

На 24.02.2026 бил извршен службен разговор со пријавениот, управител на правното лице од Неготино, кој изјавил дека поднел завршна сметка за неговото правно лице бидејќи неговиот сметководител не бил внесен во Централниот регистер.

Тој земал број од страната на isos.com.mk, која била достапна за сите и ја поднел годишната сметка со бројот на уверението на оштетената.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни