Македонија

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за 4 април 2026 година поради најавен засилен ветер.

Според информациите, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одредени места повремено ќе преминува во силен и ќе достигнува брзина над 70 километри на час.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат препораките за заштита при силен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни