Утрото во земјава беше студено, со најниска температура од -1 степен измерена во Берово. Нула степени беа регистрирани во Лазарополе, додека 1 степен е измерен во Маврови Анови. Во Битола утринската температура изнесуваше 2 степени, а 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Демир Капија, Струмица и на Попова Шапка.
Во Штип и Велес се измерени 4 степени, во Гевгелија и Крушево 5 степени, додека 6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Кавадарци. Најтопло утрово било во Виница со 7 степени.
Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде во 8 часот се измерени 62 сантиметри снег.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време со слаб северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 25 степени.