Македонија

Мигрант тешко повреден во Гевгелија откако воз поминал преку неговата ногата

Мигрант тешко повреден во Гевгелија откако воз поминал преку неговата ногата

На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30-годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога.

Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни