Македонија

Од 130 на 180 автобуси: Состојбата во скопскиот јавен превоз се подобрува

Од 130 на 180 автобуси: Состојбата во скопскиот јавен превоз се подобрува

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека состојбата со јавниот градски превоз бележи значително подобрување во однос на претходниот период. Одговарајќи на советнички прашања, тој посочи дека бројот на функционални возила на ЈСП Скопје е во пораст.

„Од критичната состојба со само 130 возила, денеска од гаражите на ЈСП секојдневно излегуваат по 180 автобуси. Имаме зголемено за 50 функционални автобуси во изминатиот период, а и понатаму работиме на подобрување“, рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот додаде дека проблемите со приватните превозници се решаваат преку исплата на заостанатите долгови кои се таложеле со години, што го зголемува бројот на достапни возила и кај приватниот превоз.

„Дали е идеална состојбата? Далеку е од тоа, но го даваме максимумот за граѓаните на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека напорите продолжуваат за целосно нормализирање на јавниот превоз.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни