Македонија

Приведени двајца косовски државјани, превезувале мигранти од Пакистан

Приведени двајца косовски државјани, превезувале мигранти од Пакистан
Фото: 4news.mk

Нa 08.04.2026 околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово. При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, кое го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан.

Лицата се задржани во полициска станица, амигрантите и возилото се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна приајва.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни