Македонија

Приведен 64-годишен маж од Радовиш: Се сомничи дека предизвикал пожар на планината Плачковица

Приведен 64-годишен маж од Радовиш: Се сомничи дека предизвикал пожар на планината Плачковица

На 08.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа.

Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни